Уште една Сиријка се породи во Македонија


Сиријката Менол Суех на свет донесе здраво девојче во гевгелиската болница.

Мајката со болки околу 11 часот била примена во болницата каде во 15:30 часот била породена по природен пат.bebe raka

Девојчето е тешко 3.250 грама и долго 51 сантиметар. И мајката и детето се наоѓаат во добра состојба.

Ова е петти случај на породување на мигрантка во Македонија.

На сите им беше дадена потребната лекарска нега, што е уште една потврда дека Македонија има хуман пристап и им pомага на мигрантите во согласност со своите можности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1