Поранешната директорка на комјутерскиот гигант „Хјулет-Пакард“, Карли Фиорина, денеска официјално ја објави кандидатурата за претседател на САД на изборите во 2016 година
– Да, се кандидирам за претседател. Мислам дека сум најсоодветниот човек за таа должност бидејќи разбирам како реално функционира економијата. Разбирам и како функционира светот – посочи Фиорина во емисијата „Добро утро Америка“ на телевизијата Еј-Би-Си.
Засега Фирина е единствената жена меѓу кандидатите за номинација од Републиканската партија. Таа досега не извршувала никаква јавна функција.
Фиорина е една од највлијателните жени во американските бизнис кругови.