Некогашната телевизиска новинарка го обвинила Бил Клинтон за сексуално злоставување во 1980. година во Арканзас, додека бил гувернер на таа американска сојузна држава.
Нејзината исповед ја објавил конзервативниот портал Breitbart.com, неколку часа пред последната дебата помеѓу претседателските кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп.
Лесли Милвеј, која тогаш се презивала Дерик, го обвинила Клинтон, кого тогаш го интервјуирала околу 20 пати, дека три пати ја злоставувал во телевизиската станица за која работела.
Според нејзиното сведочење, била “преплашена и парализирана”, а кога му кажала да престане само се смеел. Исто така, кажала дека Клинтон еднаш и дошол во нејзиниот дом за да ја види.
-Сигурна сум дека не сум единствената жена која доживеала нешто такво од Клинтон, рекла таа.
Таа објаснила дека размислувала да проговори за тоа за време на скандалот со Моника Левински во 1998. година, но сакала да ги поштеди своите деца кои тогаш биле многу млади.