Уште една жртва на свински грип во Македонија – почина 52 год маж


Педесет и двегодишено лице заболено од вирусот на грипот А Х1Н1 вчера почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје, информираа денеска од Министерството за здравство.
infektivna1Од Здравство велат дека, пациентот бил примен на 23-ти минатиот месец во тешка здравствена состојба, веднаш му била дадена соодветна терапнија и покрај напорите на лекарите човекот и’ подлегнал на болеста, која предизвикала воспаление на белите дробови и менингит. Присуството на вирусот познат како свински грип било потврдено и лабораториски.
Инаку, во текот на минатата недела на Инфективната клиника, амбулантски биле прегледани 126 лица со симптоми на грип, при што дел од нив биле хоспитализирани со лесна и со средно-тешка симптоматологија, во моментов нема хоспитализирано пациенти на одделот за интензивно лекување. На Клиниката за детски болести, со полесни симптоми на грип, амбулантски биле прегледани девет деца  и три во Заводот за белодробни заболувања кај децата-Козле.
Нет прес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1