Уште едно момче се бори за живот по сообраќајката кај Тетово


Две лица загинаa, а уште петмина се со потешки и полесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што денесka околу 14,30 часот се случи на патот Тетово – Јажинце кај селото Теарце.soobrakajka_tetovo_thumb_medium500_261

Во судир на три возила – БМВ, крајслер и опел вектра на лице место загинале Д.В. (21) од Лешок и Л.Б. (16) од Јегуновце. Двајцата биле сопатници во БМВ-то што го управувал Н.П. (24) од Лешок, кој е со тешки телесни поверди и во критична состојба е пренесен на скопските клиники.

Во Тетовската клиничка болница помош им била укажана на возачот на крајслерот В.К. (43) од Мала Речица – тетовско и неговите двајца сопатници Ј.К. (23) и Е.З. (23) сите од истата населба. Тројцата се задржани на болничко лекување. Со повреди се здобил и возачот на третото возило опел вектра Д.А. (20) од тетовско Пршовце.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1