Уште едно убиство – Денес убиен функционер на УЈП од ДУИ во Струга


Заменик директорот на УЈП Аргетим Асани од редовите на ДУИ денеска бил убиен во Струга, објавуваат македонските медиуми. Тој бил застрелан од возило во движење. Полицијата го истражува случајот, но оттаму сè уште нема официјални информации, јавува РСЕ.205888

Едно лице почина денеска во Струга, откако врз него беше пукано со огнено оружје од возило во движење. 

– Денеска околу 13.15 часот на улицата „Маркс и Енгелс“ од возило во движење, марка „Голф“ било пукано врз жител на Струга, роден 1973 година, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Повредениот бил префрлен во Струшката болница каде им подлегнал на повредите. Дел од медиумите објавуват дека застреланиот е Аргетим Асани, заменик директорот на УЈП и член на ДУИ.

Полицијата под раководство на Јавен обвинител врши увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.

Во пресметка меѓу членови на ДУИ во Куманово завчера беше убиен Џемаил Реџепи, познат како Командант Шќипоња.

Асани ѝ стана познат на пошироката јавност минатата година откако беше повреден во конфликт во врска со внатрепартиските избори на ДУИ во Струга. Во декември минатата година, во тепачка меѓу поддржувачите на струшките функционери на ДУИ Рамиз Мерко и Арбен Лабеништа, настрада токму Асани, кој со полесна повреда заврши во струшката болница. Медиумите тогаш пишуваа дека групите си размениле тупаници, клоци и се гаѓале со мобилни телефони.

Асани му е заменик на директорот на УЈП Горан Трајковски од 2013 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1