Уште пожешко ќе е во наредната деценија – нови истражувања


 Глобалните температури во 2012 беа над просекот 36 години по ред, а нови рекордни температури се очекуваат во следната деценија, по глобалното затоплување, предупредуваат американските научници.

heat_exhausted_runnerСпоред податоците на НАСА минатата година била деветта најтопла од 1880 година, кога почнало да се води евиденција.

Просечната температура иззнесувала 14,6 степени Целзиусови, што е за 0,6 степени повеќе од температурата во 20 век.

Потопла од 2012 година во минатиот век беше 1998, поради феноменот Ел Нињо.

Во најновата научна студија на НАСА за климата, температурите до 2050 година би можеле да пораснат од 2,8 до 5,6 степени Целзиусови, доколку не се преземат одлучни мерки. Поголемиот број научници веруваат дека глобалните температури се во пораст поради емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1