Поранешниот директор на Царинската управа, Ванчо Каргов е осуден на три месеци условна затворска казна. Каргов нема да лежи во затвор ако не стори прекршок во наредните година и пол по правосилноста на пресудата, наведено е во одлуката на Основниот суд Скопје1.
Каргов е осуден бидејќи додека бил директор на Царинска управа, не го почитувал решението на Комисијата за работни односи и одбил да го врати на работа Ласте Ивановски, кој пак претходно бил избркан поради кршење на работниот ред и дисциплина.