Условни казни од по седум месеци затвор добија учесничите во тепачките на скопското Кале, кои се случија во февруари 2011 година.
Скопскиот Кривичен суд донесе ваква пресуда за 14 учесници во тепачките на скопското Кале, со која ги обврзува да не го повторат делото во наредните две години.
Денешната пресуда е втора за ова кривично дело откако првата пресуда беше донесена за дваесет обвинети, кои заработија условна казна од три месеци.
Одбраната не е задоволна од пресудата која по една година судење според нив е дури и построга од првата.
Масовната тепачка на Кале, во која имаше и осуммина повредени, се случи поради изградба на црквата.