Уставниот суд на Република Македонија на седницата в среда овторно ќе ја оценува уставноста и законитоста на членот 53 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, односно се одредбите според кои исклучените граѓани се задолжени да плаќаат.
Такви информации се рашириле на протестниот собир на исклучените од парно кој се одржа денеска напладне пред Регулаторната комисија за енергетика.
Ќе се расправа за уставноста на Член 53 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2012 и 109/2013) и Тарифниот систем за продажба на тополинска енергија („Службен весник на Република Македонија“ бр.99/2013 и 113/2014) Реферат У.бр.32/2015
Еве како гласат тие одредби во Правилата:
“Исклучување по барање на потрошувачите во колективни објекти
Член 53
(1)Во колективните објекти за домување каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред може да се врши поединечно исклучување на потрошувачите по нивно барање, по претходно добиена согласност од вкупниот број на потрошувачи на тој колективен објект.
(2) Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
(3) Доколку сите потрошувачи од исто мерно место писмено побараат исклучување од топлификациониот систем за цела грејна сезона или повеќе грејни сезони истите не се задолжуваат со надоместок доколку за пресметковниот период на мерниот уред не е регистрирана потрошувачка на топлинска енергија.“