Уставни судии имате ли деца? Остри реакции по укинувањето делови од регистерот за педофили


pedofilia

-68-годишен старец сексуално злоупотребувал две малолетни деца со пречки во развојот.

-Демир Капија: знаеле дека директорот-педофил не е со сите, ама си молчеле и пишувале анонимки.

-Едно девојче и едно момче помали од 14 години биле жртви на педофилот кој со недели се движел во дворовите на повеќе основни училишта во градот.

-Очув ја силувал неговата приќерка помала од 14 години и нејзината другарка.

Ова се само неколку од грозоморните случаи на педофилија со кои последниве години ги потресоа македонските граѓани.Стотици деца цел живот ги носат трагите од злоставувањето на педофилите.Морничавата слика ќе ја имаат пред очи додека се живи,коментираат психолозите, пишува Сител.

Уставните судии оценија дека има основа за постоење на  ваков регистар, но дилема се јавува бидејќи законот не предвидел кога треба да бидат објавени осудените, дали  по правосилност на пресудата, или  по извршување на казната.

Нејасно им се виде на судиите, до кога податоците ќе останат во регистарот. Собранието доби  рок од 30 дена,  да интервенира во 3те спорни членови во законот, а потоа Уставен ќе  дејствува.

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски упати апел да се смени одлуката на  Уставниот суд донесена вчера  да поништи три члена од Законот за регистар на педофили бидејќи јавното објавување на педофилите ќе го нарушело нивниот личен интегритет

spiro– Шокиран сум и разочаран, но најмногу од се сум загрижен заради тоа што Уставниот суд донесе таква одлука бидејќи станува збор за најбитни одредби од овој Закон.

Шокиран сум што Уставниот суд прифати иницијатива од пет педофили и сторители на сексуална злоупотреба кои се осудени за ова кривично дело и отслужуваат казна во тетовскиот затвор, сметајќи дека со ова законско решение им се нарушил нивниот личен интегритет и интегритетот на нивните семејства.

velika-britanija-pedofil-1328585176-31983

За каков личен и семеен интегритет станува збор со оглед дека ова се лица кои посегнале кон сексуална злоупотреба на малолетни деца, а дел од нив се сторители на сексуално злоставување и педофили кои обљубиле свои биолошки родени деца, рече министерот Ристовски

Профил на македонскиот педофил е 35-годишен необразован човек од рурална средина.Најчесто се затворени и некомуникативни кон средината,но сепак психолозите велат дека постои начин да се препознае педофил. А тие пак најчесто го повторуваат делото – поради што и се создаде регистерао на педофили каде нивните имиња ќе се јавно објавени со цел да се заштитат децата кои би можеле да бидат идни жртви.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1