Уставниот Суд ја стопираше одлуката за распуштање на Собранието


Стопирани се сите дејствија што произлегуваат од Одлуката за распуштање на Собранието, вклучувајќи ја Одлуката за распишување избори на петти јуни и изборните дејствија што ги презема Државната изборна комисија.
Уставниот суд едногласно одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието и истовремено, изрече времена мерка која ќе важи до конечната одлука.ustaven sud

Пред три месеци, Судот ја отфрли иницијативата поднесена од Павле Трајанов и Тодор Петров.

Мнозинството судии одлучи дека Судот не е надлежен да расправа за поединечен акт, каков што е Одлуката за распуштање на Собранието. Денеска, по иницијативата поднесена од пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, Судот одлучи да се произнесе.
Претседателката Елена Гошева остана мислење дека се работи за поединечен акт, но дозволи преседан, бидејќи се работи за висок државен интерес во ситуација кога излез од политичката криза не може да се најде, а голем број државни органи се во функционална блокада.

Уставниот суд, потсети таа, веќе еднаш направил преседан во 2001, кога поништил договор за изградба на нафтовод со Грција, кој е оценет како штетен за државата.
Решението за поведување постапка и времената мерка уште денеска ќе биде готово и веднаш ќе биде објавено во Службен весник.

Веќе на наредната седница, в среда, Судот најави носење конечна одлука. Ако се прифати предлогот на иницијаторот, тоа ќе биде поништување на Одлуката за распуштање на Собранието, што значи дека ќе се поништат сите до сега преземени дејствија, како да никогаш немало ваква одлука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1