Уставот, употребата на името и идентитетот најспорни точки


Денешната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје, со директен лет од атинскиот до скопскиот аеродром е една од главните теми во грчките медиуми. Во утринските информативни емисии на грчките телевизии, новинари и пратеници од различни партии дебатираат за патувањето на Никос Коѕијас во македонската престолнина.

„Историска посета на Коѕијас на Скопје“ е насловот на текстот на грчката новинска агенција АНА-МПА, објавен неколку часа пред патувањето во Македонија на министерот за надворешни работи на Грција.

– Денеска попладне, министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и грчката делегација, придружувани од бројна новинарска екипа, заминуваат за Скопје во посета од историско значење, со прв директен лет по 12 години, по неодамнешното преименување на аердормот од „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“, пишува грчката новинска агенција и додава дека вечер Коѕијас ќе има работна вечера со неговиот македонски колега, а утре маратонски средби и преговори со државниот врв и опозицијата.

„Коѕијас во ПЈРМ, прв директен лет Атина-Скопје“; „Попладнево Коѕијас во Скопје – утре клучни разговори за името“; „Коѕијас денес во Скопје за одново започнување на преговорите“; „Коѕијас слетува во Скопје – многу несогласувања и тешка клима во преговорите“; „Прв директен лет по 12 години“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1