Голем празник- Никако не позајмувајте пари на никого и заклучете ја вратата, еве зошто


Утре на 2 јануари, според верскиот календар е „Свети Игнат“. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка.s

Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и ви се случува денеска, ќе го правите и ќе ви се случува цела година.

Значи каков ви е денот на 2 јануари таква ќе ви биде и годината.

Вистинските бадникови и божиќни обичаи почнуваат на овој ден и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.

Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1