Советот за утврдување на факти од утре ќе почне да ги сослушува судиите од Основниот, од Апелацискиот и од Врховниот суд за кои има поднесено претставки за нивно несовесно работење, а меѓу кои и оние кои одлучуваа за притворот на Горан Грујевски, поранешниот шеф на Петтата управа и Никола Бошкоски, вработен во УБК. Токму поради несовесното одлучување на инволвираните судии во случајот против Грујевски и Бошкоски, им беше овозможено на двајцата обвинети да побегнат од земјата и дури по речиси четири месеци да бидат фатени во соседна Грција.
u
Сашо Поцевски, претседател на Советот за утврдување на факти вели дека на седницата на Советот ќе бидат сослушани 11 судии.









