Утре напладне обвинетите пратеници ќе се појават во судот за барањето за притвор


Скопскиот кривичен суд, утре напладне ќе ги сослуша шестемина пратеници на кои што им беше симнат пратеничкиот имунитет, потврдуваат дел од адвокатите на обвинетите. Судиите ќе решаваат дали ќе останат на барањето за мерка притвор за пратениците, како што тоа го бара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Пред судија на претходна постапка, во вторник во 12 часот треба да се појават пратениците: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски и Љупчо Димовски поради сомнеж дека учествувале во настаните од 27 април оваа година.

Комисијата за мандатно-имунитетски прашања донесе заклучок дека на споменатите пратеници треба да им биде одземен пратеничкиот имунитет, а на седница на Собранието, која што се одржа миинатиот четврток, беше изгласано одземање на пратеничките имунитети, по што Претседателот на Собранието Талат Џафери, до судот испрати допис со кој ја потврди веќе донесената одука.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1