Времето утре во Македонија ќе биде умерено облачно, попладне со локален дожд и со појава на ретки грмежи.
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од западен и југозападен правец кој ќе достигнува брзина од над 70 км/час особено во западните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 25 степени.
Во Скопје, слично време, со утринска температура до седум и со дневна до 23 степени.
И во среда во попладневните часови ќе има локален дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 16 до 24 степени.
Во четврток во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и потопло време, а во источните делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд.