Достоинство и утре ќе протестира против именувањето на Џафери за министер за одбрана. Како што информираат од Достоинство утре на пладне ќе се одржи протестен собир пред споменикот на Бранителите во Жена Парк и ги повикуват граѓаните да присуствуваат.
Претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов на протестот ќе обзнани нови детали за граѓанската иницијатива за собирање 150.000 потписи за распишување на референдум против воените злосторници од 2001-та, против поранешниот командант Форина а денешен министер за одбрана Талат Џафери.
-Да не дозволиме повторно да ни се случи онаа народната, секое чудо три дена! – порача Ангелов.