Во скопскиот Основен суд утре почнува судскиот процес против 18 обвинети во случајот „Диво насеље“, кои претходно се изјаснија како невини, јавува Канал 5.
Според обвинителниот акт, тие ќе одговараат за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.
На 9 и на 10 мај во кумановската населба „Диво насеље“ вооружена група се судри со безбедносните сили при што загинаа осуммина полицајци, а повеќе од 30 беа повредени.
За наводите во обвинителниот акт кој обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го поднесе против обвинетите, во судот беше одржана јавна седница.
Тогаш сите обвинети се изјаснија како невини, а нивните адвокати го оспоруваа обвинението со тврдење дека истрагата за случајот не е правилно спроведена и побараа случајот да биде предаден на специјалното јавно обвинителство.