Српскиот пилот открива како го спуштил авионот во кој експлодира бомба (Видео)


Пилотот на патничкиот авион кој беше оштетен во експлозија предизвикана од бомба во Сомалија опиша како екипажот успеа да го приземји авионот на аеродромот во Могадишу со дупка во трупот.

– Ова беше моја прва бомба и се надевам последна, вели капетанот Влатко Водопивец откако истрагата утврдила дека експлозијата се случила на височина од 3.350 метри.avion-eksplozija-rupa-somalija-pilot-vladimir-foto-twitter-1454446051-837245

– Да бевме повисоко можеше да биде полошо, вели тој.

Полицијата од малото гратче Балада, на околу 30 километри оддалечено од аеродромот известила дека жителите нашле тело на маж, наводно од бомбашот самоубиец, кој при експлозијата испаднал од авионот. Од авиокомпанијата велат дека сите патници освен еден сигурно слетале, но не изнесоа детали. Сепак, Абдивахид Омар, директорот на сомалиската агенција за цивилно воздухопловство рекол дека властите не се сигурни дека телото пронајдено во Балада е на исчезнатиот патник.

Патникот Авале Кулане пак, снимил хаотична сцена од авионот каде се гледаат маски за кислород кои висат на седиштата.

– Кога чувме експлозија, копилотот отиде да ја види штетата, а јас го презедов управувањето, раскажува пилотот додавајќи дека моторот и хидрауликата нормално функционирале и дека немал проблем со приземјувањето на авионот.

– Во кабината влезе чад, но повеќе имаше на крајот на авионот. Стјуардесата направи многу добра работа со смирувањето на патниците, вели пилотот и напоменува дека во екипажот биле италијански копилот и стјуардеси од Грција, Кенија и Босна. Истражителите го префрлиле авионот од пистата во приватен хангар, а во истрагата биле вклучени и странски експерти.

Да се прокриумчари бомба во аеродромот е речиси невозможна мисија било каде во светот, а аеродромот во Могадишу е строго чувана зона. Меѓутоа српскиот пилот Влатко Водопивец кој успешно го приземји авионот по истрагата рекол дека безбедноста во Могадишу е рамна на „нула“ и дека состојбата таму е хаотична. За АП рекол дека сомалиските истражители првично се обиделе да ја обвинат неговата авиокомпанија, но тој ни за момент не се сомневал дека експлозијата е предизвикана од бомба.

Националната разузнавачка агенција НИСА наведува дека снимките од камерите за надзор открива дека двајца мажи му дале лаптоп на осомничениот бомбаш.

– Истрагата и понатаму трае, а дека околу 15 лица се уапсени до сега. Резултатите на прелиминарната истрага покажува дека бомбата била во лаптоп кој го внел еден од патниците, изјавил за агенцијата АФП неименуван безбедносен извор.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1