Утре попладне носете си чадор!


Времето утре во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со долги сончеви периоди.

dozd sonce vinozitoПопладне територијата на Македонија постепено ќе потпаѓа под влијание на циклонска маса. Поради тоа попладне и во вечерните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд и грмежи.

Исто така е можна и изолирана појава невреме со интезивен пороен дожд, силни грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен дозасилен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 22 до 33 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време со температура до 31 степен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1