Утре прва пресуда за Мијалков


Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност за контраразузнавање кој е во куќен притвор и е обвинет во неколку постапки на СЈО, на 8-ми март ќе ја чуе првата пресуда, пренесе МКД.Мк.

За утре на рочиштето за Титаник каде им се суди на Мијалков и Тачи, ќе се слушне првата пресуда.

Адвокатите во оваа постапка ја оспоруваа автентичноста на „бомбите” и според нив тие немаат доказна вредност и бидејќи биле незаконски прибавени.

Адвокатот Миле Петровски, бранител на Мијалков, во завршен збор на судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2″, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1