Утре сончево со температура до 25 степени


Времето утре ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува јужен, а долж Повардарието југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од 18 до 25 степени

Foto - flickr.com

Foto – flickr.com

Во Скопје сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

И во сабота ќе се задржи сончево и релативно топло време, но во текот на денот облачноста ќе се зголемува.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат ноќта кон понеделник, кога на места ќе бидат проследени со грмежи.

Од понеделник дневните температури ќе бележат благо опаѓање.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1