Во Македонија времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер до југозападен правец. Температурата на воздухот ќе се движи од 24 степени до 31 степен.
Според Управата за хидромеоролошки работи (УХМР) утре ќе има поизолирани процеси на нестабилност со пороен дожд и грмежи, со температура на воздухот од 25 до 32 степени.
На почетокот на наредната недела ќе следи благо опаѓање на температурата на воздухот, пооблачно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Стабилизација на времето се очекува од средината на наредната недела.