Криминиластичката полиција во Србија го уапсила Милијан Милосајевиќ поради обид да изнуди 300,000 евра од фабриката за производство на флаширана вода „Власниска роса“ која е во поседништво на „Кока Кола HBC Србија“.
Тој се заканил дека доколку не му бидат исплатени парите, ќе стави отров во изворот на „Власниска роса“ во Топол Дол.
Милосављевиќ на 10 септември испратил писмо на адреса на фабриката во кое бара 300,000 евра, за наводно да ги открие луѓето кои што имале намера да ја затрујат флашираната вода.
Рекетарот испратил и СИМ припејд картичка преку која менаџментот би требало да се договори околу примопредавањето на парите. Картичката била од витално значење за полицијата при фаќањето на рекетарот.
Писмото на почетокот предизвикала вистинска загриженост меѓу светските менаџери на компанијата, имајќи ја во предвид глобалната опасност од тероризам, па веднаш ја повикале полицијата да го истражи целиот случај.
Полицијата реагирала, стапила во контакт со осомничениот, се договориле за местото за примопредавањето на парите, го лоцирале и го уапсиле. Се испоставило дека уапсениот има досие на повеќе случаи на насилничко однесување.
Еве дел од писмото кое што го испратил Милосављевиќ.
„Овде член на екипата која на вашата компанија има намера да направи невидена штета. На пет продажни места ќе уфрлат 50 отровни материи во вашите производи, специјално направени така што по самото пиење веднаш се паѓа во кома. Планираат да ви бараат три милиони евра, но јас сум подготвен да го откријам нивниот план за само 300,000 евра. Парите ќе ги земе човек во сив мерцедес. Ако забележам присуство на полиција, зделката пропаѓа. Ви испраќам картичка преку која ќе комуницираме. Ако не послушате, господ нека ви е напомош“, пишувало во писмото.