92 милијардери ќе донираат половина од своето богатство


Најбогатите американци Бил Гејтс и Ворен Бафет убедија 11 милијардери да се откажат од дел од своите пари.

Единаесет милијардери се приклучија кон списокот на оние, кои по повикот на основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс и финансиерот Ворен Бафет, се согласија да подарат половина од своето богатство во добротворни цели.Со тоа бројот на милијардерите кои ќе го направат тој чекор изнесува 92.

Кампањата која беше покрената пред 2 години Во јуни 2010 година, двајцата тогаш најбогати Американци Гејтс и Бафет, има за цел да ги убеди најбогатите да донираат голема сума на пари во добротворни цели.

Кон групата донатори по повикот се приклучија основачот на телевизијата Си-Ен-ЕН Тед Тарнер, градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, режисерот Џорџ Лукас и коосновачот на „Оракл“ Лари Елисон.

Меѓу „новодојдените во клубот“ се генералниот директор на Интернет гигантот „Нетфликс“ Рид Хастингс, коосновачот на „Интел“ Гордон Мур и Чарлс Бронфман – поранешен претседател на производителот на алкохолни пијалалаци „Сиграм“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1