Во Македонија има 35 ултрабогаташи – имаат богатство од 4 милијарди долари


Триесет и пет Македонци располагаат со богатство вредно 4 милијарди американски долари, се тврди во Извештајот за светските ултрабогаташи 2012-2013.

Според извештајот, македонските богаташи изгубиле дури 6,5 отсто од своето богатство во споредба со минатите години.

Македонија во овој извештај е рангирана на 42. место (од вкупно 45 европски држави) според бројот на поединците што се сместени во категоријата екстремно богати. Од земјите во регионот Србија е на 29. место со 90 ултрабогати, Босна и Херцеговина со 85, 34. место за Словенците, со 70 ултрабогати, Во Албанија има 55 ултрабогати со вкупно богатство од 7 милијарди долари, а во Бугарија, која е на 40. место, има 45 поединци чие вкупно богатство изнесува 5 милијарди долари. Хрватите, се на 23. место – 260 богаташи. Грција и покрај кризата е на 20. место со 455 ултрабогати кои имаат 50 милијарди долари

Најмногу ултрабогаташи има во Германија, 15.770, кои имаат богатство вредно 2,05 билиони долари, а на второ место е Велика Британија со 10.515 ултрабогати.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1