Забрането возење од „Мекдоналдс“ до Ново Лисиче


Булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром до недела ќе биде со посебен сообраќаен режим. поради изведување градежни активности од „Мекдоналдс“ до раскрсницата со булеварите „Србија“ и „Видоe Смилевски-Бато“ Денеска ќе има целосен прекин на сообраќајот.

Градските власти информираат дека во насока од Центар кон Лисиче, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улички, додека во обратна насока сообраќајот ќе се одвива по коловозната лента во нормални услови.

Автобусите на ЈСП „3“, „3А“, „3Б“, „5“, „15“, „23“ и „35“ во правец од Центар кон Лисиче ќе се движат по улицата „Васко Карангелевски“, по булеварот „Асном“ и продолжуваат по својата траса, додека во обратна насока ќе се движат по постојната траса.

Викендов, целосно ќе биде затворена за сообраќај раскрсницата на булeвар „Јане Сандански“ и булевар „Србија“. Во овој период, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните и споредни улички. Пренасочувањето важи и за автобусите што циркулираат по оваа траса.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1