УЖАС: Ги гледав другарите додека горат живи!


fedex

Во смртоносна несреќа во северна Калифорнија вчера загинале 10 луѓе, од кои најмалку половина биле средношколци, откако камион на Федекс се судрил со автобус упатен кон локалниот универзитет.

Младиот Џонатан Гујерез кој има само седумнаесет години и  ја преживеа несреќата, при што заработи модринки на нозете и исеченици на лицето раскажува за хоророт низ кој поминал за време на несреќата.

Џонатан после ужасната експлозија видел како оганот се проширил и гледал како неговите пријатели живи горат

fedex2-Спиев во автобусот кога ме разбудија сцени од пеколот од кои веднаш се обидов да побегнам, изјави Гутјерез.

Момчето пред себе гледало како неговите пријатели горат живи во пламените јазици, чадот бил на сите страни и ни самиот не се сеќава како успеал да се спаси. На твитер напишал дека се уште ги слуша лелеците и пискотниците.

Во трагедијата на лице место настрадале возачите на камионот и автобусот, тројца возрасни како и петорица млади средношколци кои тргнале во обиколка на кампусот на државниот универзитет во Арката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1