Ужас на унгарската граница: Полицијата со палки нападна фоторепортерка


Припадници на унгарската полиција ја претепале фоторпортерката на шведскиот весник „Експесен“, Мери Петерсон, додека известувала за случувањата околу бегалската криза на унгарско-српската граница.

Како што соопшти денеска главниот уредник на „Експересен“, Томас Матсон, полицајците со палки ја нападнеле 27-годишната Петерсон, нанесувајќи и повеќе повреди.fotooo

Матсон врачил протест до унгарската амбасадорка во Шведска, Лили Макај на која и порачал дека тоа што вчера и се случило на неговата фоторепортерка е неприфатливо.

– Новинарите кои извесуваат од кризни подрачја често се изложени на опасни ситуации, но мора јасно да се укаже кога полицајци ќе претепаат репортер, порача Матсон.

Припадници на унгарската полиција на граничниот премин Хоргош вчера нападнаа и тричлена новинарска екипа на српската државна телевизија РТС, составена од новинарката Јована Ѓуровиќ, снимателот Владан Хаџи Мијаловиќ и тонецот Мирослав Ѓурашиновиќ, како и новинарот на полската телевизија ТВП, Јацек Тацик.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1