Скопјанка била згрозена кога купила палента од Жито Лукс во продавница и во неа нашла еден куп црни бубачки. Имено според читателката палентата има рок на траење и купена е деновиве од познат маркет а не од некое гранапче па да се постави прашање за начинот на складирање. Таа ја отворила палентата и низ неа пливале еден куп мали црно бубачки. Ги фотографирала, како и фискалната сметка на која се гледа кога е купен производот и самото ќесенце на кој е втиснат рокот на траење.