Ужас: Тигар нападна 11-годишно момче и ја откина неговата рака (ВИДЕО 18 +)


11-годишното момче останало без рака во една бразилска зоолошка градина кога одлучило да погали тигар низ решетките од кафезот. Животното го нападнало.

“Ќе умрам, не ја чувствувам раката”, викало момчето, тврдат сведоците на нападот. Меѓу нив наводно бил и 3-годишниот брат на момчето.

dete galelo tigarНа снимката од надзорните камери се гледа дека неговиот татко му дозволил да мине преку безбедносната бариера и покрај поставеното предупредување. Рикардо Еспиндола, кој се нашол во зоолошката градина за време на нападот, изјавил дека детето на тигарот му давало месо и го галело.

“Решив да си заминам, и слушнав врисоци”, раскажал тој. Се вратил до кафезот на тигарот и видел како животното трча со детето чија рака била во неговата уста. Веднаш повикал итна помош.

“Беше во шок, зборуваше глупости и велеше дека ќе умре”, се сетил на реакцијата на детето. Во болница на 11-годишното момче делумно му ја ампутирале раката.

Чуварите тврдат дека тигарот Ху е едно од најпријателските животни во зоолошката. Меѓутоа предупредувањата не стојат таму без причина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1