Јавноста во градот Јанина, во Западна Грција, е шокирана по апсењето на педијатар за поседување видео материјал со детска порнографија, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Според полициски извори од службата за борба против кибер криминал, 47-годишниот лекар бил следен и апсен, откако кај него бил откриено усб со порнографска содржина.
Приведениот педијатар е предаден на обвинителството.