Видео кои што пристигнуваат од турскиот град Џизре поприлично се вознемирувачки и би можеле да помислиме дека всушност се работи за снимки направени во некој сириски град. Но, станува збор за турски град кој се наоѓа на југоистокот на земјата и е погоден од големата операција на турската војска која е во потрага за припадниците на курдската бунтовничка организација ПКК (Работничка партија на Курдистан).
Но, тоа што е најстрашно од сето тоа се извештаите кои што пристигнуваат од овој град. Имено, според одредени информации, многу цивили се сокриле од гранатирањата на турската армија во подрумите, а имало и голем број на ранети цивили.
Сега пристигнуваат информации за масовен масакар на тие цивили – курдски извори тврдат дека турската војска ги убива сите цивили кои се кријат во подрумите, а на многу места жртвите дури биле и живи палени.
Се чини дека допрва ќе се утврдува „магнитудата“ на трагедијата во турскиот југоисточен град Џизре кој е населен со курдско население. Курдските извори пренесуваат дека дури 150 цивили биле живи запалени.
Сепак, важно е да се нагласи дека оваа информација не е потврдена од релевантни медиумски извори. Но, важно е да се знае дека Западните медиуми досега покажале дека се воздржуваат од критики кон Ердоган кој моментално е сојузник на западните сили против Асад, односно против Русија.