Ужас во скопски Аеродром: Пред децата ја убил мајката и нејзината сестра па се самоубил


Двојно убиство и самоубиство утрово ги потресе жителите на скопската населба Аеродром.

Двете жени биле во станот на 5-ти спрат во зградата со број 44 на булеварот Авоној а убиството се случило пред очите на двете малолетни деца.

aerodrom-3Од МВР потврдено е дека починати се три лица, сите од Скопје, на возраст од 31 до 36 години.

-Според првичните информации станува збор за две сестри, Билјана (31) и Наташа (34), како и маж на возраст од 36 години, кој најверојатно е сторител на двојното убиство, по што се самоубил, истакна помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

Драмата започнала околу 11 часот, кога 36-годишниот Игор дошол во станот на Наташа, која седела со сестрата Билјана, по што Билјана му отворила врата, а тој се заканил да не заминува од станот, а потоа пукал во двете и сам си пресудил.

Игор се познавал со Наташа, која во станот живеела со двете малолетни деца на возраст од 7 и 9 години, но истиот не и е сопруг и не е татко на децата.

Покрај неговото тело бил пронајден пиштол со кој се претпоставува дека е извршено убиството, но истиот дополнително ќе се вештачи.

Скопјанецот и е претходно познат на полицијата поради што во 2004 му е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка.

Котевски нагласи дека истрагата продолжува до целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1