Викендов полуматурантка во тиквешко била жртва на групно силување.
Според неофицијалните информации 4 или 5 млади момчиња од тиквешко село од кои еден полнолетен, а другите малолетни, силувале млада соселанка во комбе.
Според пишувањето на Дневник нивниот извор бил згрозен од ваквиот настан со правење на кривично дело, особено во денешни услови кога како што изјавил, младите имаат големи слободи.
Портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска за Дневник потврдила дека било пријавено силување во полициска станица во град од Тиквешијата вчера.
-Се работи за пријава за полов напад врз малолетник. Има осомничени лица. Работиме на целосно расветлување и документирање на случајот, изјавила Стојковска за Дневник.