Ужасите на војната: Детето ми го силуваа и заклаа пред очи – а немам ни за споменик (Видео)


308897_031502c2_if

Рада Драгичевиќ, мајка на 9 годишната Мирјана – девојче кое во 1992 година била силувана и убиена пред очите на нејзината мајка, во нивниот дом во Долна Биоча.

Девојчето било силувано додека мајката ја држеле цврсто за да гледа, а потоа следел ужас кој никој родител не би требало да го доживее – и го заклале детето пред нејзините очи – на малата Мирјана која веќе била во бесознание од бруталното силување и го пресекле вратот со еден потег.

Мајката Рада, денес живее на работ на егзистенцијата. Потстанар е и живее со синот, братот на Мирјана кој се спасил криејќи се под креветот. Сега тој има 30 години – невработен е. Цело семејство кое избегало од родната куќа по ужасот сега живее во изнајмено еднособно станче, а работи само мајката Рада.

,, Она што најмногу ме боли е што иако успеав да ги пренесам коските на моето чедо овде близу до мене – сега немам пари да и подигнам ниту достоен споменик,, вели скршената мајка која 20 години живее со сликата на своето беспомошно девојче во рацете на злосторниците муџахедини.

308896_031502c1_fМајката побарала помош од општината, надлежните – сите и кажале дека неможат да и помогнат бидејќи Мирјана е цивилна жртва на војната, а Република Српска се уште нема закон со кој се решава тоа. Таа нема сила да се бори и вели ќе подигне кредит за на девојчето да му направи достоен споменик

Рада работи како келнерка, не може друго зошто и таа била ранета со неколку куршуми кога ја нападнале нејзината куќа. Чудо е и како преживела – а таа вели подобро да умрев и јас тогаш.

Судбината на малото девојче беше повод да се направи и документарен филм за ужасите на војната, за судбината на едно нормално семејство кое мирно, спокојно живеело без никому да му се замери. Пораката на филмот е јасна – во војна страдаат цивилите и тоа не само додека трае војната, примерот на мајката Рада е дека цивилите патат долги години по тоа.

308899_031502c4_f

Но иако овој филм е сведоштво за ужасите на војната  еве уште еден апсурд. Филмот на ДВД се продава за 2.5 евра. Некои прават пари на судбината на ова несреќно семејство, додека пак тие живеат на работ на егзистенцијата и не добиваат ниту евро од тоа.

,, Му се јавив на новинарот кој го правеше, вели незнае ништо околу продажбата и не е информиран. Јас само се прашувам кој печали на судбината на моето дете,, вели Рада

Јас пред себе не гледам некоја надеж, немам пари, не смеам ни да се разболам. Имам повеќе од 50 години и јас мислам дека може да ми биде само уше полошо, а не подобро,, плаче оваа жена.

Убијците на Мирјана никогаш не се изведени пред суд.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1