„Дедо Никола нас не држеше на нишан. Одекна истрел од пиштолот, мислев дека ја погоди мајка ми или мене. Кога се свртев, видов дека е застрелан мојот татко Вељко“, раскажува за српски Курир, Сандра Самиќ (24) од Нови Сад.
Нејзиниот дедо Никола Самиќ (71) го ранил својот син Вељко (44), кој со тешки повреди бил пренесен во болница. Никола после нападот е уапсен.
Сандра вели дека се одиграла ужасна драма во нивната семејна куќа
– Дојдов дома од работа и слушнав од родителите дека повторно се расправале со дедо Никола. Расправијата беше неважна, поради поместување на автомобил, кој татко ми веднаш го тргна. Дедо ми ја продолжи расправијата со мајка ми, ја пцуеше и ја навредуваше, раскажува Сандра.
Таа и помладата сестра Николина се подготвувале за илегување во град. Ни на крај памет не им паднало дека дедо им може да направи вакво нешто и тоа поради некоја неважна расправија.