Бизарна несреќа се случила вчера кога во 14.15 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив бил донесен 28-годишниот Г.П. од Агино Село, кумановско, вработен во приватна фирма.
Додека вршел поправки на лифт во комплекс згради на булеварот „Србија“, лифтот ненадејно тргнал и го повредил во пределот на вратот и грбот.
Од страна на лекар, кај Г.П. биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.