Ужасни фотографии од Нотр Дам (ФОТО)


Како последица на пожарот кој ја зафати историската „Нотр Дам„ во Париз вечерва се урна и кулата во катедралата. Ужасни фотографии го обиколуваат светот!

Голем пожар во 18:50 часот избувна вечерва во најпознатата катедрала во Париз „Нотр Дам. Портпаролот на катедралата, Андре Фино, потврди дека целата структура на катедралата е во пламен.

Од полициските служби јавуваат да се избегнува овој простор и да се ослободи патот за возилата кој доаѓаат. Ова соопштение е доставено до јавноста бидејќи противпожарната служба и Итната помош мора да интервенираат нормално. Градоначалничката на Париз Ан Идалго на Твитер напиша дека противпожарните екипи се обидуваат да го стават под контрола огнот кои беснее.

Богородичната црква или Нотр Дам е готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија).
Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од претходната романска архитектура.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1