УЖАСНО: На деца без родители тестирале вакцини


Според најновите истражувања на медиумите кои доаѓаат од Ирска, голем број на деца од немажени мајки биле изложени на тестирања на вакцини во оваа земја, од кои голем дел од нив и починале.

vakcinadecaВо десет Ирски домови, во кои живееле немажени мајки, нивните деца учествувале во процесот на вакцинација, во периодот од 1960-та до 1967-та година. Биле вклучени 298 деца, објавува ирско радио, а пренесува Canada.com. Во текот на една таква вакцинација, 80 деца се разболеле откако им била вбризгана вакцина за добиток.

„На моите раце и нозе излегоа големи лузни“, се присетува Кристи која била посвоена во еден од домовите каде била спроведена тест вакцината. „Кога ја прашав мајка ми зошто, таа ми одговори дека кога ме посвоиле и кога ме донеле дома, моите раце и нозе биле замотани во завои. Не знаеја ништо за тест вакцините. Од тогаш сум посетила неколку лекари, и тие ми река дека никогаш не виделе нешто слично на ова“, вели Кристи.

Сестра Сарто, поранешна вработена во домот „Bessborough“, признала дека биле користени ваквите тест вакцини, но тврдела дека за истите секогаш била барана согласност од родителите. Ирска немала закони за медицинските тестирања до 1987 година.

Резултатите од испитувањата на 58 деца во шест домови, биле објавени во Британското медицинско списание во 1962 година, а во јуни 2001 година, наредена е истрага за ваквите експерименти. Владините документи покажуваат дека во текот на 1930-те години, 1940-те, и 1950-те години, стапката на смртност била пет пати повисока кај децата родени во домовите, отколку кај децата кои биле родени во брачна заедница.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1