Уживајте во сонцето викендов – доаѓа студ и температури под минус 10


Иако оваа година вистинска зима и снег ќе имаме само на планините, следната седмица ќе дојде постуден период.

temperatura ladno

Долгорочните прогнози велат дека по студениот период кој не очекува кон крајот на оваа и целата наредна недела, следи зголемување на температурите. Кон крајот на неделава, во некои места во Македонија ќе имаме температури од 10 степени под нулата, а во главниот град минималните температури ќе се спуштат до минус 7.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела, а во последната седмица од годинава ќе следи раст на температурите. Минималните нема да се спуштат под нула, а максималните ќе надминат 11 степени во Скопје, а во појужните делови и до 15 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1