Иако оваа година вистинска зима и снег ќе имаме само на планините, следната седмица ќе дојде постуден период.
Долгорочните прогнози велат дека по студениот период кој не очекува кон крајот на оваа и целата наредна недела, следи зголемување на температурите.
Кон крајот на неделава, во некои места во Македонија ќе имаме температури од 10 степени под нулата, а во главниот град минималните температури ќе се спуштат до минус 7.
Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела, а во последната седмица од годинава ќе следи раст на температурите. Минималните нема да се спуштат под нула, а максималните ќе надминат 11 степени во Скопје, а во појужните делови и до 15 степени.