Сопругата на патникот кој за време на лет на компанијата Ryanair од Грција кон Германија беше делумно извлечен низ скршениот прозорец на авионот, за N1 го даде првото сведоштво за драматичниот инцидент.
„Мојот сопруг висеше од авионот. Воздушниот притисок го извлече речиси до половина од телото, а ние го држевме за да не биде целосно исфрлен надвор“, изјави Светлана Грковиќ Максимовиќ за N1.
Нејзиното сведоштво ја открива драмата што се одвивала во кабината по оштетувањето на прозорецот, додека патниците и екипажот се обидувале да го спасат мажот од сигурна трагедија.
https://www.facebook.com/share/v/1LFQzYt8Bk/?mibextid=wwXIfr









