Астронаутот Скот Кели од Меѓународната вселенска станица објави фотографија на која може да се види како изгледа Македонија од вселената. „Поздрав до моите пријатели во Македонија“, напиша тој.
„Ден 251. Поздрав до моите пријатели во Македонија. Добра ноќ од Меѓународната вселенска станица!”
Вака гласи описот на фотографијата која ја објави НАСА синоќа, а на која е прикажана Македонија од вселената.
Мора да признаеме, сликата го одзема здивот.