Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата над Леонардо Мајер во четврт-финалето на турнирот во Доха, на камерата на кирилско писмо напиша: “Мир Божји!”
Тенисерот најголемиот христијански празник го прослави со победа и се пласира во полуфиналето на турнирот, а по триумфот не заборави да им го честита Божик на сите кои го слават.
– Мир Божји – напиша Новак на камерата, а покрај тоа нацрта и срце.
Првиот рекет на светот потоа го коментираше дуелот со Мајер.
– Беше многу тешко. Маер одигра одлично и сервираше. Беше неизвесно во вториот сет и изедначи, кој знае што ќе се случеше. Сепак, јас успеав да се вратам и да победам – изјави Ѓоковиќ, а потоа и на публиката на српски јазик им посака среќен Божик.