Настрада мало девојче: Заради петарда го загуби видот


Во средата вечера околу 18 часот во Ветерник непознато лице фрлило петарда, и тогаш среде детонацијата дошло до удар на каменче кое тешко поврдило девојче.

Момчињата кои фрлале петарди во таа улица побегнале, а 11- годишното девојче со тешка повреда на десното око е префрлено во болница.devojce-petarda-640x434

Девојчето таа кобна вечер отишло до продавницата која се наоѓа во близина на нејзината куќа.

-Кога се враќала, буквално пред капијата од нејзината куќа нешто ја погодило во окото. Малечката не била свесна што и се случило. Меѓутоа група постари деца во тој момент фрлале петарди. Не фрлаа кон неа, но таа без никаква вина настрада, вели извор.

Д.С. е префрлена во детската болница каде е задржана на лекување.

-Девојчето се здобило со тешка телесна повреда во вид на контузија на окото, велат од болницата.

Нејзината состојба се следи, а со оглед на тоа дека окото е полно со крв, се чисти и засега со сигурност не може да се каже дали и колку го загубила видот и дали ќе треба операција. Покрај неа постојано се нејзините родители.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1