Вака живее 2-годишно девојче чии родители се нарко-зависници (Фото)


Руската фотографка Ирина Попова предизвика бран од контроверзии со нејзината фото-серија наречена „Уште едно семејство“.

drug-addiction-photography-another-family-irina-popova-3Имено, таа го прикажува животот на 2-годишната Анфиса, која е дел од мрачната страна на модерна Русија. Имено, нејзините родители се зависници од дрога и алкохол, а целата приказна за средбата на Ирина со мајката на Анфиса, Лила, започнала во 2008-та година, на улиците на Санкт Петерсбург.

Според зборовите на авторката, Лила била целосно пијана, а до неа имала количка со бебе. На поканата на фотографката да им направи фотосесија, таа со ентузијазам се согласила, по што дури и ја поканила во нејзиниот стан.

Суровите фотографии кои зборуваат за опасноста од небрежноста на најблиските, предизвикаа лавина коментарии и реакции во кои се бара малото девојче да биде одземено од родителите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1