Иако ова звучи како сцена од филмот Дракула, сепак научниците потврдиле дека крвта од млади луѓе може да послужи за подмладување на мозочните функции на постарите лица, да ги зајакне нивните мускули, црн дроб, како и комплетно да им го подобри имунитетот.
Експериментите покажале дека кога на постарите глувци во крвотокот ќе им се уфрли крв од многу помлади животни, врските меѓу нивните мозочни ќелии се подобрува, а им се подобрува значително и меморијата.
Експериментот се покажал и премногу успешен бидејќи 18 месечни глувци имале исти резултати на тестовите за меморија ( по вбризгувањето на млада крв) со глувци стари само 4 месеци. глувците инаку живеат меѓу 18 месеци и 2 години старост.
Доколку се покаже дека терапијата е безбедна и успешна исто така и кај луѓето може да почне да се користи за забавување на стареењето. А може да се користи и за спречување или барем забавување на Алцхајмеровата болест.
,, Јас сум убеден дека младата крв ќе влијае и на човечкиот мозок исто. Тоа не е некаков лек за да би имал нус појави, тоа е само крв и обична трансфузија,, објаснува истражувачот Саул Виледа.
Научниците од Унивезитетот Станфорд споиле два глувци од различна старост.
Направиле врска меѓу нивните вени и артерии, така да нивната крв може да се меша. Кај стариот глушец тоа предизвикало подобра работа на мозочните ќелии.
Но сето ова испитување е сеуште во рана фаза, треба да мине уште некое време пред воопшто да се дозволи да се испитува на луѓе. А научниците веќе бараат начин да се изолираат соединенијата на крвта кои се заслужни за подмладувањето на мозокот и да се направи апче.