Вчера во 17.40 часот во ПС Кавадарци, З.К., претседател на Општинска изборна комисија Кавадарци, пријавил дека во периодот од 01.30 до 06.30 часот во големата сала (просторија што ја користеле) во објектот на Општина Кавадарци, непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот влегол преку вратата од салата, која била заклучена, а на која не се констатирани оштетувања, и одзел три УВ лампи и неколку перничиња за печати, пенкала кои се користеле за гласањето и линијари.
Увид извршила екипа од ПС Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Вчера во 14.30 часот во ПС од ОН Кавадарци, М.А. (52) од Кавадарци пријавил дека во периодот од 15.00 часот на 12.12. 2016 година до 14.30 часот на 13.12.2016 година непознат сторител извршил тешка кражба од просторија на една политичка партија. Сторителот влегол и одзел неколку пакети вода и сокови, мала греалка и апарат за кафе.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
Вчера во 17.20 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека во периодот од 11.12.2016 година до 13.12.2016 година, на ул. „Козле-1“ во објект на една политичка партија непознат сторител искршил прозорско стакло. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.